Search

Општина Штип:Анима Мунди неосновано обвинува за здравствената заштитa и благосостојба на животните

Ја информираме јавноста дека Анима Мунди неосновано обвинува за здравствената заштитa и благосостојба на животните кои се сместени во прифатилиштето во Штип.

Општина Штип има одобрение за работа на ова прифатилиште издадена врз основа на направена инспекциска контрола со која е утврдена усогласеноста со одредбите од Правилникот за техничките услови за изградба на прифатилишта и законските одредби за заштита и благосостојба на животните.

Ветеринарното друштво со кое Општина Штип како сопственик на ова прифатилиште има склучено договор за спроведување на здравствената заштита на животните е одобрено ветеринарно друштво.

Ова прифатилиште е инвестиција на Општина Штип, кадешто е изградена бетонска платформа и уредени кафези за бездомните животни, со цел нивно негување а и побезбедно движење на граѓаните.

Во иднина Општина Штип ќе работи на доуредување на ова прифатилиште, се со цел условите за овие бездомни животни да бидат на највисоко ниво.

Во работата на Ветеринарната станица Штип имаат увид и Невладината организација „Живот“ што ја покажува транспарентноста на работењето во овој дел.

Апелираме до Анима Мунди да не шират невистини со што придонесуваат немир кај граѓаните и останатите организации.

Треба да знаете
Последни објави