Search

Општина Чаир одлучи во две основни училишта да се инсталираат сензорски соби

Денес на состанокот на колегиумот на Општина Чаир се одлучи во две основни училишта: Лирија и Хасан Приштина да се инсталираат сензорски соби за да се обезбедат подобри услови за учениците со пречки во развојот.

Двете сензорски соби заедно со она во основното училиште “Имри Елези” која е при крај, ќе овозможат лесен и современ тек на образовниот процес за децата со пречки во развојот, како и за олеснување на работата на наставниците на овие училишта.

Треба да знаете
Последни објави