Search

Општина Центар ќе издава хартиени документи во барака 3

Секторот за урбанизам и урбанистичко планирање на Општина Центар ќе ги издава хартиените документи (изводи од ДУП-ови, правосилни-управни акти и слични документи), во нов термин.

Почнувајќи од 13.4.2020, секој понеделник од 9:00 часот до 13:30 часот, на пултот кој се наоѓа на самиот влез во бараката бр. 3 (Сектор за урбанизам), ќе се издаваат сите хартиени документи кои им се потребни на граѓаните, соопшти Општината.

Издавањето на документите ќе се извршува само со претходно известување на странките од страна на вработените во Секторот за урбанизам.

Треба да знаете
Последни објави