Search

Општина Центар подготвена ги дочекува врнежите од снег и дожд

Активирана е зимската служба на Општина Центар, а фунцкионира и Кризниот штаб. Во моментов, нема поголеми излевања на вода или натрупувања со снег.

Со 2 големи специјални возила за расчистување на снег на големи улици и 3 помали возила – “соларки“ за чистење на тротоари и помали улици, општината е подготвена да делува при поројни врнежи на дожд и снег.

Службите на општината продолжуваат будно да ја следат состојбата, а граѓаните доколку приметат промена на терен и штети, можат за истото да го известат Кризниот штаб на Општина Центар.

078 223 065 Петар Милетиќ – Командант на кризниот штаб

070 274 911 – Дарко Гиговски – Началник на кризниот штаб

076 313 381 – Кире Секуловски

Треба да знаете
Последни објави