Search

Општина Центар: Пајакот кренал 115 возила, а 102 биле блокирани

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за една недела казнија 217 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 5 до 11 август, со помош на специјалните возила ‘Пајак‘ на ЈП ПОЦ отстранети се 115 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство ‘блокатор‘ санкционирани се 102 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопштија од Јавното претпријатие.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Треба да знаете
Последни објави