Search

Општина Студеничани го донираше сопственото амбулантно возило на Министерство за здравство

Поради вонредната состојба што ја зафати нашата земја Советот на Општина Студеничани на вонредна седница донесе решение да го донира амбулантното возило со најсовремена технологија на Министерството за здравство.

– Возилото за е опремено со најсовремена опрема и технологија потребна за давање итна медицинска помош особено за актуелната алармантна ситуација за коронавирусот. Амбулантното возилото ќе биде доставено до Центарот за јавно здравје – Скопје, се вели во соопштението од Општина Студеничани.

Од Општината велат дека работата на медицинскиот персонал во оваа тешка состојба ќе биде малку олеснета, но во исто време ќе овозможи побрзи медицински услуги особено за оние пациенти кои имаат најмногу потреба во овие тешки моменти.

Треба да знаете
Последни објави