Search

Општина Струмица продолжува со подобрување на уличната инфраструктура

Пред крајот на буџетската година општина Струмица продолжува со интензивно подобрување на уличната инфраструктура. Во изминатиот период се работеше на асфалтирање на повеќе улици. Градоначалникот на Струмица Коста Јаневски денеска беше на улицата „11 септември”, каде се поставува нов слој асфалт.

-Асфалтирани се скоро 11 илјади метри квадратни во градот, со што значително ја подобривме инфраструктурата во нашиот град. Со тоа темпо ќе продолжиме и во наредниот период се додека временските услови за оваа година дозволуваат да се работи, рече градоначалникот Јаневски.

Додаде дека асфалтирањето на улиците се одива согласно програмите и буџетот, а освен во градот се асфалтираа улици и во населените места.

Треба да знаете
Последни објави