Search

Општина Охрид останува посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО

Во текот на изминатата година покажавме вистинска грижа за она што е исклучително важно. Одлучивме да повлечеме црвена линија и конечно да му ставиме крај на самоволието и импровизациите во Охридско-струшкиот регион. Со сите мерки и активности кои ги презедовме и ги преземаме во текот на овој процес, ја запираме деградацијата во регионот и ги поставуваме параметрите за заштита и развој на еден долг рок, изјави градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

-Во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО, се работеше на сите нивоа на одлучување, на спроведување на мерки и носење на решенија, кои се консултирани со врвни експерти. Се радувам што како локална и централна власт имаме огромна поддршка од меѓународната заедница, од амбасадорите и од релевантни меѓународни институции во делот на спроведување на законите, владеење на правото и зачувување на светското наследство.

Затоа, уште еднаш упатувам апел до јавноста да го поддржат целокупниот процес и заедно да покажеме дека имаме волја, имаме визија и план за да ги подобриме работите и да го зачуваме нашето непроценливо богатство за идните генерации, рече градоначалникот.

 

Треба да знаете
Последни објави