Search

Општина Куманово доставила предлог за поставување на монтажна ковид болница

Општина Куманово доставила предлог локација за изградба на монтажна ковид болница која ќе се наоѓа во дворот на Општата болница Куманово, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Монтажната ковид болница ќе го зголеми капацитетот за прием на пациенти.

-На последниот состанок на општинскиот штаб за заштита и спасување поднесовме барање до Владата и Министерството за здравство и до општината да се вклучат со заеднички сили првично да создадат услови, а потоа и да изградат монтажна ковид болница во Куманово, со цел да се зголеми капацитетот на регионалната кумановска болница. Во моментов гледам дека се одвиваат такви активности во Скопје и други градови сè уште немаме официјален одговор од Владата, но верувам дека во следниот период од тој проект којшто е универзален ќе се изгради таков објект и кај нас во Куманово, изјави Димитриевски.

Општината ќе го подготви теренот, ќе обезбеди водоснабдување на објектот, а останатиот дел од инвестицијата ќе го покрие државата, односно Министерството за здравство.

-Целта е да се зголеми капацитетот, бидејќи како што знаеме и така е и најавено од страна на повисоките надлежни органи не очекуваат дополнителни пикови на ковид болеста, истата не запира апелирам, да се сфати сериозно болеста, да се носи заштитната опрема и да се одржува растојание и да научиме да живееме со ковид кризата, повика Димитриевски.

Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, да носат заштита, да одржуваат физичка дистанца, да не се групираат и побара МВР да презема засилени мерки и превентивни и репресивни и да ги опоменува и казнува несовесните граѓани.

Здравствените власти најавија формирање на 16 ковид монтажни ковид болници низ градовите во државата.

Треба да знаете
Последни објави