Search

Општина Кисела Вода спроведува акција за чистење на урбаните заедници 11 Октомври

Општина Кисела Вода спроведува акција за чистење на урбаните заедници 11 Октомври

Во рамки на есенската акција за чистење, Општина Кисела Вода спроведува активности за расчистување на отпадоците/сметот во урбаните заедници 11 Октомври – бараки и згради.

Утрово, сезонските работници ангажирани од страна на Општината излегоа на терен и во моментов вршат расчистување на улиците, тротоарите и парковите кои се во надлежност на локалната самоуправа.

Со оваа акција опфатено е кастрење на исушените гранки на дрвјата и грмушките. Покрај ова, се собира и кабаст отпад.

Активностите за чистење на урбаните заедници 11 Октомври – згради и бараки ќе продолжат да се одвиваат и утре.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да се придржуваат до Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста и поздрава животна средина.

Треба да знаете
Последни објави