Search

Општина Кисела Вода започна со крпење на ударни дупки во село Усје

Општина Кисела Вода започна со крпење на ударни дупки во село Усје

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски изврши увид во градежните работи за крпење на ударни дупки во село Усје.

Имено, Општина Кисела Вода денес започна со акција за санација на оштетените делови на улиците во село Усје. Градоначалникот Филип Темелковски се сретна и со жители од селото, со кои разговараше за нивните потреби, како и за изнаоѓање на решение за проблемите со кои се соочуваат. Темелковски пред граѓаните ги најави и следните активности кои локаланата самоуправа ќе ги преземе на територијата на месната заедница.

Работните активности на теренот ги изведува фирмата Изолација ДОО.

Треба да знаете
Последни објави