Search

Општина Кисела Вода предводена од градоначалникот Темелковски, целосно ги остварува предизборните ветувања дадени пред граѓаните

Општина Кисела Вода предводена од градоначалникот Филип Темелковски, целосно ги остварува предизборните ветувања дадени пред граѓаните. Се покажа дека грижата за граѓаните е наш врвен приоритет.Целосно ја реконструиравме улицата „Бранко Заревски” во населба Драчаво. На улицата се вршеше гребење на постоечкиот асфалт, по што на истата се постави нов асфалт во должина од 600 метри и ширина од 7 метри. Станува збор за улица која е особено френкфрентна во населба Драчево на која секојдневно функционираат граѓаните од Драчево и околните наслеби затоа што на истата се наоѓа Полициската станица и Поликлиниката. Средствата за оваа реконструкција се обезбедени општина Кисела Вода. Претходно, во соработка со градот Скопје, целосно беше реконструирана улицата „Антон Димитров” во Драчево.

Нашите програмски ветувања дадени пред граѓаните ги остваруваме. Владата предводена од СДСМ се грижи за граѓаните и активно инвестира во подобрувањето на патната инфраструктура со цел подобро функционирање на граѓаните. Градиме по план, обезбедуваме сигурен и безбеден сообраќај за сите граѓани. За нас зборот важи!

Треба да знаете
Последни објави