Search

Општина Кисела Вода објави јавен повик за енергетска обнова на ЈДГ „Весели Цветови“

Општина Кисела Вода работејќи во насока на подобрување на условите во градинките преку Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), кој го спроведува Министерството за финансии, ќе изврши енергетска обнова на ЈДГ „Весели Цветови” – објект „Мимоза”.

За таа цел, Општина Кисела Вода неодамна објави јавен повик преку кој ги повикува сите подобни и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат енергетска обнова на градинката.

Процесот на понудување се спроведува преку процедури за национално јавно наддавање, како што е специфицирано во упатството на Светска банка. Повикот е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

Сите заинтерсирани подобни понудувачи во временскиот период од 08:30 до 16:30 часот информации за јавниот повик може да добијат во просториите на Општина Кисела Вода, лоцирана на ул. „Петар Делјан” бр.17, на веб страна на Општината, на телефонскиот број 0389/022785-417 и на електорнската адреса: javninabavki@kiselavoda.gov.mk.

Треба да знаете
Последни објави