Search

Општина Кисела Вода: Нека ни е честит нашиот најзначаен државен празник, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј

Денеска кога го празнуваме нашиот најзначаен државен празник, Денот на сесловенските  просветители Св. Кирил и Методиј, Ви упатуваме честитки со порака за чување на нивното огромно дело за човештвото.

Светите солунски браќа Кирил и Методиј, како најучени во Византиската империја се најзаслужни за културниот развој на сите словенски народи. Тие преку просветителските мисии успешно ја рашириле писменоста и христијанството помеѓу народите.

Браќата потекнувале од богато семејство од Солун, од каде со користење на јазикот на македонските словени ја составиле првата словенска азбука.

На одбележувањето на овој голем ден, Ве повикуваме да го чуваме и афирмираме нашиот убав македонски јазик.

Нека ни е честит нашиот најзначаен државен празник, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Треба да знаете
Последни објави