Search

Општина Кисела Вода засади листопадни дрвца покрај Мала Рада во Драчево

Продолжува акцијата на Општина Кисела Вода за засадување на дрвца на своја територија. Денес, активностите за зазеленување продолжија во Драчево. На улицата Сердарот, кај каналот на Мала Рада, беа засадени липи, јавори и врби кои освен тоа што ќе го разубават просторот, ќе помогнат и во намалување на аерозагадувањето. Следната седмица акцијата продолжува во урбаната заедница Расадник, додека претходната зимзелени, листопадни и украсни садници, беа засадени во паркот „Шопен” и по должината на трим патеката, лоцирана покрај железничките пруги во Кисела Вода. Садниците се обезбедени како донација од компанијата „Цементарница Усје”, како дел од нивната програма за општествена одговорност.

Треба да знаете
Последни објави