Search

Општина Кисела Вода го честита 9 Мај

Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

-Борбата на прогресивните народи која неколку години храбро ја водеа против најголемото зло на човештвото фашизмот заврши пред точно 74 години со ратификација на договорот за германска капитулација. На овој ден покрај одбележувањето на победата над фашизмот ја прославуваме Шумановата декларација, а се сеќаваме и на борците за слобода и правда кои несебично херојски и се спротивставија на најтемната идеологија, фашизмот.

На 9 мај 1950 година, Роберт Шуман, тогашниот министер за надворешни работи на Франција, го претстави својот предлог за формирање на Европска заедница за јаглен и челик со цел да ја зајакне соработката помеѓу некогашните непријателски земји. Предлогот познат како Шуманова декларација, се смета за почеток на формирањето на денешната Европска унија. Денот на Европа, на мирот, слободата и рамноправноста на европските народи официјално се прославува од 1985 година.

Денес нашата држава почитувајќи ги и негувајќи ги светските цивилизациски вредности силно чекори по патот кој води кон прогресот, кон Европската Унија и е на чекор до брз влез во Северно атланската алијанса, НАТО“, се вели во соопштението на Општина Кисела Вода.

Треба да знаете
Последни објави