Search

Општина Карпош е домаќин и главен покровител на 11. Меморијалниот турнир во мал фудбал

 Општина Карпош е домаќин и главен покровител на 11. Меморијалниот турнир во мал фудбал во спомен на Тоше Проески, кој овој викенд се игра во спортската сала „Форца“, во Тафталиџе. Учествуваат екипи од Карпош, Чаир, Крушево, Велес, Нова Градишка (Хрватска), Корча (Албанија), „Мандра“, како и тим од НЛБ банка. Веќе се играат дел од натпреварите, а турнирот започна со популарни мелодии од нашата ѕвезда Тоше Проески, кој е роден на 25. јануари, 1981 година.

Турнирот го отвори градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој ги поздрави присутните граѓани и гости од другите земји. Јас и мојата генерација растевме со песните на Тоше. Најмалку што можеме да направиме денеска е да го негуваме новиот спомен. Потврда за неговата големина е и фактот што тој сé уште обединува. Затоа имаме меѓуопштинска соработка со Нова Градишка. Денеска е 25 – ти јануари, роденденот на Тоше. Денеска и утре, ние ќе бидеме во оваа сала, ќе спортуваме, ќе играме фер плеј, ќе ги слушаме неговите песни и ќе покажеме дека една ѕвезда не е со нас, но вечно живее во нашите срца и во нашата колективна меморија, рече Богоев.

Утринава се играа четвртфиналните натпревари, а утре (недела) од 10:00 часот започнува натпреварот за трето место, а од 10:45 финалето на турнирот, во салата „Форца“.  Влезот е бесплатен за сите граѓани. Во тридневна посета на нашата општина е и градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ со негови соработници. Тие остварија средба со градоначалникот Богоев и претседателот на Совет на Општина Карпош, Андреј Манолев.

Општина Карпош продолжува со поддршка на овој спортски настан, кој се организира во соработка со Здружението на стопанственици Власи „Мандра“.

Треба да знаете
Последни објави