Search

Општина Карпош ги предупредува граѓаните да бидат на безбедно и да не ги паркираат возилата под дрвја оти пак ќе дува силен ветер

Ветер со јачина до 80 километри на час може да се очекува во Скопје во попладневните часови. Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, објави предупредување на социјалните мрежи. На граѓаните им порачува да бидат на безбедно и да не ги паркираат возилата под дрвја.

„Во постојан контакт сме со УХМР. Постои најава за посилен ветер во попладневните часови.

– Бидете на безбедно и засолнети;

-Не ги паркирајте возилата под дрвја;

-Пријавете евентуални штети до општина/полиција;

-Не ширете паника и проверувајте ги информациите кои ги читате, напиша Богоев.

Од УХМР велат дека времето во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината ќе има услови врнежите да преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено во вечерните и ноќните часови.

Треба да знаете
Последни објави