Search

Општина Илинден ја обновува урбаната опрема и ги реконструира патните железнички премини

Од Општина Илинден информираат дека секојдневно работат на обнова и поставување нова урбана опрема, а во изминатиот период во неколку населeни места се поставени повеќе клупи и канти за отпадоци, се реконструираат автобуските постојки, се поставуваат тротоари и се градат пешачки патеки.

-Согласно својата програма за работа, Општина Илинден ја обновува сообраќајната сигнализација, за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот. Во насока на реализирање на проектните активности, локалната самоуправа во соработка со ЈП „Македонски железници и инфраструктура”, изминатиот период го комплетираше реконструирањето на трите патни железнички премини, Илинден, Миладиновци и Дељадровци, информираат од Општината.

Општина Илинден, како што се наведува во соопштението, е прва во државата која уште во првата година од мандатот на градоначалникот Александар Георгиевски, ги реконструира сите железнички патни премини согласно ветувањата од програмата за работата.

-Железничките премини Илинден, Миладиновци и Дељадрови се комплетно реконструирани со елементи од рециклирана гума според највисоки стандарди, информираат од Општина Илинден.

Треба да знаете
Последни објави