Search

Општина Гостивар им се заблагодари на жителите на Ласкарце и на медицинскиот персонал

Гостиварската локална самоуправа изрази благодарност до жителите на селото Ласкарце, до медицинскиот персонал и до сите оние кои на било кој начин помогнале во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот Скопје-Тетово.

Јавна благодарност е изразена и до сите кои деновиве испратиле телеграми и пораки со сочувство и желби за побрзо закрепнување на повредените.

– Општина Гостивар и градоначалникот Арбен Таравари на сите нив јавно им се заблагодаруваат. Во оваа прилика сакаме да им изразиме благодарност на жителите на селото Ласкарце, кои први им помогнаа на повредените, на медицинскиот персонал и на сите оние кои на било кој начин помогнаа во оваа трагедија да нема уште повеќе жртви, се вели во соопштението од општина Гостивар

Треба да знаете
Последни објави