Search

Општина Гостивар ги отфрла како неосновани обвинувањата на кошаркарскиот клуб од својот град

Општина Гостивар ја отфрлува како неоснована реакцијата на Кошаркарскиот клуб “Гостивар“ дека наводно има намера да одвои 4 милиони денари за еден спортски клуб од вкупно 9,2 милиони денари наменети за таа цел.

Согласно најновите објави на комисиите за 21 седница на Советот на Општина Гостивар во чиј предлог од предвидени 9,2 милиони денари, 4 милиони се предвидени за еден субјект, а остатокот за сите останати спортски субјекти во Гостивар“, се вели меѓу другото во нивната реакција. Во полза на вистината, мора да појасниме дека вчера се пратени до советничките материјалите за наредната седница на Советот, закажана за 30.01.2020 год. меѓу кои и дневниот ред на состаноците на Комисиите.

Како што може да се види и од документот подолу, на дневен ред на Коисијата за финансии и ЛЕР има предлог-одлука за доделување на финансиски средства на ФК “Гостивар“ без да се наведе износот.

Доколку од КК “Гостивар“ имаат сознанија дека од Фудбалскиот клуб “Гостивар“ поднеле Барање за доделување на 4 милиони денари, па затоа реагираат, тоа се коси токму со она што го велат Со целосна почит кон сите спортски клубови од Гостивар, реакцијата не е насочена кон нив, туку кон функционерите кои имаат обврска должноста да ја спроведуваат согласно законот и актите на локалната самоуправа“. 

Комисијата и општинските служби ќе го разгледаат барањето, а соодветна Одлука ќе донесе Советот на Општината, која понатаму ќе треба да ја спроведе Градоначланикот. Фактички се ќе биде токму согласно законот и актите на локалната самоуправа. Но, притоа ќе се земе во предвид вкупниот фонд наменет за таа цел, како и нивото на натпреварување, но секако и фактот кои спортски клубови се приватни, а кои со одлука на Советот се под чадорот на Општината.

    

Треба да знаете
Последни објави