Search

Општина Бутел спроведе еко-акција каде се исчитија повеќе локации на цела територија

Општина Бутел спроведе еко-акција каде се исчитија повеќе локации на цела територија на општинта. Акцијата се спроведува во корординација на комуналното одделение на Општина Бутел и секторот за комунални работи на Град Скопје.
Досега се исчистени 5 локации каде иамше мини депонии и тоа во:
1. Село Радишани улица 8 на спојот со патот на с. Љуботен
2. Ул. Бутелска – кај Расадник
3. Ул. Бетовенова на спој со Алекдандар Бујнов
4. Парк површина од ул. Груица Војвода позади кино Бутел
5. Скопје – Север ул. Гоце Стојчевски и Боро Менков
Во правата фаза од акцијата исфрели се 10 камиони ( 20 тонски) шут во депонијата Дрисла.
Во вторат фаза предвидени се уште три локации од кои: патот од гробишта Бутел кон патот кои води до Кучевишка Бара, последна 8-ца н.м Љуботенски пат.
Во втората фаза исто така предвидено е и санација  на најголемата депонија од ул. Александара Урдаревски на патот кон гробишта Бутел, односно од левата страната после мостот на реката Серава.
Општина Бутел и во иднина ќе продолжи со акциите за чистење на сите депонии кои се наоѓаат на нејзината територија. Воедно, општина Бутел апелира до граѓаните да не одложуваат отпад на јавни површини и да го почитуваат Законот за јавна чистота.
Треба да знаете
Последни објави