Search

Општина Бутел со раширени раце ја прифати идејата на „Амос шелтер“ да им се помогне и на животните

Во деновите кога луѓето се опседнати со пандемијата од ширењето на коронавирусот, организацијата „Амос шелтер“ од Визбегово која работи на проекти за грижа на животните, одлучи да побара соработници за да им се помогне во овие тешки денови и на животните.

-Идеата ни беше да се обратиме до општините со кои соработуваме, а луѓето од локалната самоуправа во Бутел први не прифатија со раширени раце да го реализираме овој проект, а се расположени и во иднина да сороботуваме на ова поле се со цел да им се помогне на животните – вели Риниса Реџепи за „24 инфо“, која заедно со Кемал Незири ја иницираа и ја отпочнаа оваа акција.

Со оглед дека значително е намелено движењето на луѓето, помалку има и храна за бездомните животни, па некои од нив стануваат и погресивни. За да им се помогне на животните, општина Бутел и „Амос шелтер“ ја почнаа акцијата со прихранување на бездомните кучиња, мачиња, разни птици…

-Во соработка со активисти од општината кои ни ги посочуваат местата каде се собираат и движат бездомните животни поставуваме хранилки, кои се направени од обични цевки и истите се одбележани која им е намената, а за таа ознака според која ќе ги препознаваат граѓаните се погрижи „Пиксел принт“. Општина Бутел ќе ја обезбедува храната, а ние со активистите од оваа територија ќе ги полниме хранилките и ќе се грижиме за нив. Како шти има луѓе кои ги сакаат животните и се расположени да им помогнат има и кои не ги сакаат, па затоа ќе водиме и грижа поставените хранилки да не бидат уништени – вели Реџепи.

„Амос шелетер“ функционира на територијата на целата држава со слични акции. За оваа која ја почнаа во Општина Бутел се подготвувале една недела и ја стартуваа во понеделникот. Но, највауваат дека нема да застанат тука. Општината Бутел и организацијата планираат да подигнат и  засолниште за бездомните животни за да ги приберат од улиците. Таму ќе се најдат болните, гладните и агресивните кучиња. Со ова ќе им се помогне на животните, но и ќе придонесат за почиста и помирна животна средина за граѓаните во Општина Бутел. Ваквиот проект според Реџепи и Незири ќе се подготвува во наредниов месец со изработка на потребните засолништа, по што би требало просторот да биде уреден и да отпочне со работа.

Треба да знаете
Последни објави