Search

Општина Бутел создава услови и стандарди за инвестирање во индустриската зона Визбегово

Денеска градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, заедно со генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски, оствари работна средба со претставници од Здружението на индустриската зона во Визбегово.
На средбата градоначалникот истакна дека Индустриската  зона во Визбегово е гордост на Општина Бутел, и како институција ќе продолжи да  ја подржува оваа зона, додека се решат сите нејзини проблеми. Токму затоа делувавме во подобрувањето на условите во истата и со изведбата на канализационата мрежа  го решивме деценискиот проблем каде  се создадоа услови и стандарди за инвестирање во Индустриската зона – Визбегово.
Во зоната делуваат поголем број компании, чие функционирање е од огромно значење за  поддршка на локалната економија  и целокупен  економски развој и благосостојба на граѓаните. Токму затоа нашата идна заложба ќе остане насочена кон подобрување на условите во истата.
Треба да знаете
Последни објави