Search

Општина Бутел отвори 24 часа дежурен телефон за пријавување на нерегуларности

Општина Бутел од денеска отвори дежурен телефонски број, на кој што жителите ќе можат да пријават нерегуларности во делот на комуналните работи, на животна средина и урбанизам, како што се палење смет, токчичен отпад, уништување на јавно зеленило, дефекти на улично осветлување, уништување на детски игралишта и паркови, диви депонии, нелегално градење и друго.
Телефонскиот број 075/249-314 ќе биде во функција за жителите на Општина Бутел во текот на 24 часа.
-Одлучивме да отвориме дежурен телефон на кој треба да се пријавуваат сите нерегуларности  кои се во надлежност на општината,  на овој начин  ќе се олесни работата на инспекциските служби, бидејќи со директна пријава кај нив ќе можат навреме да интервенираат. Во исто време на овој начин општината станува поуслужна и достапна за сите граѓани, вели Велимир Смилевски, градоначалникот на Општина Бутел.
-Повиците ќе се примаат во текот на 24 ЧАСА ВО ДЕНОТ, во општината ќе има дежурни екипи , кои информацијата веднаш ќе ја препраќаат до инспекторите за да можат навремено да излезат на терен, додава Смилевски.
Тој се надева дека  овој начин на фунционирање ќе има поголема продуктивност за инспекциските служби и ќе се намалат неправилностите од несовесните граѓани.
Треба да знаете
Последни објави