Search

Општина Бутел и Хабитат ќе ја подобруваат енергетската ефикасност во стамбениот сектор

Денес,во просториите на Општина Бутел,здружението за хумано домување Хабитат Македонија и Општина Бутел потпишаа Меморандум за соработка во однос на создавање на регистар на стамбени згради и регистар на управители чијшто краен резултат е создавање на база на податоци која ќе ги поддржи локалната самоуправа,сопствениците на станови,како и активностите за развој на севкупниот пазар на домување.
Главниот фокус е да се соберат податоци за градежните и енергетските карактеристики за сите стамбени згради и воедно да се воспостави Регистар на управители на станбени згради,но исто така Меморандумот вклучува и одредби за заедничка соработка во однос на подобрување на енергетската ефикасност кај станбените згради.
Меморандумот за сорабока го потпишаа Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски и Извршниот директор на Хабитат Македонија ,Зоран Костов.
Општина Бутел во Програмата за енергетска ефикасност има за цел јакнење на општествената свест за решавање на проблемите за подобрување на условите за домување и подобрување на условите за поквалитетна и почиста животна средина.

Треба да знаете
Последни објави