Search

Општина Бутел заедно со ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе постави три специјални садови , во коишто граѓаните ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад-стариот мебел

Би сакале да ве информираме дека по повод Светскиот ден на чистењето,Општина Бутел заедно со ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе постави три специјални садови , во коишто граѓаните ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад-стариот мебел и електрична опрема.
Специјалните садови ќе бидат поставени на ден 21.09.2019 година (сабота) до 23.09.2019 година, на следниве три локации:
-улица “Груица Војвода” (позади кино Бутел)
-на скверот на ул.”Хо Ши Мин” и ул.”Рудо”
-кај спортската сала “Иван Хаџи Николов” во населба Радишани.
Треба да знаете
Последни објави