Search

Општина Бутел донираше прочистувачи за воздух за градинките

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски денеска донираше осум прочистувачи за воздух за сите јаслени групи во градинките.

Во тек е набавка на уште 28 прочистувачи со кои ќе бидат покриени просториите за сите возрасни групи на дечиња во шесте објекти на ЈУ  Детска градинка „11 Октомври”.

Градоначалникот Смилевски истакна дека грижата за најмладите е континуирана, особено во овие зимски месеци кога загадувањето на воздухот е зголемено. Барем престојот во градинките да им го направиме поздрав и попријатен, истакна градоначалникот Смилевски.

фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави