Search

Општина Бутел ги дезинфицираше станбените згради и урбаната опрема

Хигиената во станбените згради и дезинфекцијата на влезовите се од голема важност во спречување и ширење на корона вирусот. Во таа насока, комуналната служба на Општина Бутел, денска ги дезинфицираше сите колективни станбени објекти и урбана опрема  во населбата Скопје-Север.
Воедно,  упатен беше и апел до заедниците на станари и до управителите да се грижат редовно за хигиената во колективните станбени објекти и да редовно да ги  дезинфицираат влезовите.
Општина Бутел во изминатиот период презеде повеќе активности за заштита на здравјето на граѓаните: се миеја локалните улици и урбаната опрема, извршена е дезинфекција на сите автобуски постојки, супермаркети и тезгите на локалниот пазар.
Општина Бутел, Ги повикува сите граѓани да се придржуваат до препораките и мерките за заштита од корона вирусот.
Треба да знаете
Последни објави