Search

Општина Боговиње ќе реализира два инфраструктурни проекта со финансиска поддршка од државата

Општина Боговиње ќе реализира два инфраструктурни проекта со финансиска поддршка од државните институции.

Одобрени се 11.228.040 денари за реализација на проектот за асфалтирање на патот од Боговиње до Горно Седларце, а минатата недела локалната самоуправа доби средства во висина од 19.984.812 денари за изработка на урбанистички планови за некои населби во општина Боговиње.

– Двата фондови се добиени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Општината постојано се стреми да обезбеди финансиски средства од разни домашни и меѓународни донатори за реализација на проекти од различни области за подобрување на благосостојбата на граѓаните, изјави градоначалникот Албон Џемаили.

Од општината посочуваат дека од тековните проекти се работи на регионалниот пат Калник  – Пирок.

Треба да знаете
Последни објави