Search

Општина Битола даде зелено светло за формирање ракометен гигант во „градот на конзулите“

Советот на Општина Битола даде зелено светло за формирање на нов ракометен гигант кој ќе го носи името Еурофарм Пелистер. Советот на општината се согласи да ги продаде акциите на РК Пелистер на компанијата Еурофарм која е сопственик на истоимениот рекометен клуб кој годинава  дебитира во Лигата на шампионите и регионалната СЕХА лига.

По ваквата одлука клубот официјално ќе стане Еурофарм Пелистер и ќе продолжи да се натпреварува со новото име. Досегашниот тим Пелистер ќе го задржи играчкиот ростер, но ќе го промени името и ќе се вика Еурофарм Пелистер 2. Двете екипи ќе имаат годишен буџет од околу еден милион евра.

 

Треба да знаете
Последни објави