Search

Општина Атина нема да отстапи јавни простори за предизборна кампања на Златна зора

Советот на општина Атина на специјална седница реши да ја следи истата одлука како и за локалните и европските избори и да не отстапи јавни простори за предизборна кампања на Златна зора, јави дописничката на МИА од Атина.

Атинскиот градоначалник Јоргос Бруљас во неговото обраќање на состанокот рече дека општината има конкретни одговорности кон градот, кон околината и кон граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави