Search

Општина Аеродром доделува субвенции за топол оброк

Општина Аеродром објавува јавен повик за субвенционирање на трошоците за топол оброк на учениците во основните училишта за учебната 2019/2020 година. Општината со цел да му излезе во пресрет на секое семејство од своето подрачје што имало ученик во дневен престој/целодневна настава во основните училишта и користел топол оброк за време на престојот, ќе му се исплатат средства во износ од 25% од уплатениот износ за топол оброк за еден месец, но не повеќе од 500,00 денари.

Јавниот повик ќе трае од 20 октомври 2020 година заклучно со 6 ноември 2020 година.

Сите детални информации може да се најдат на следниов линк: http://www.aerodrom.gov.mk/vest/4545

Треба да знаете
Последни објави