Search

Општина Аеродром: Да се подмират даночните обврски

Општина Аеродром преку соопштение ги повика даночните обврзници кои имаат заостанат и неплатен долг што произлегува од Законот за даноците на имот, неодложно да ги подмират своите обврски.

„Како што неодамна извести Град Скопје, во согласност со одредбите за присилна наплата и обврските кои произлегуваат од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот за 2013 година, а заклучно со 2017 година. Секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картичка, која е објавена на интернет сајтот на Град Скопје со извршена регистрација на истиот. Со цел да се избегнат непотребните блокирања на сметките, доколку се увиди дека постои платен, но нерегистриран долг, даночниот обврзник може да се јави, односно лично да оди во просториите на Град Скопје, барака 16 секој работен ден од 07:30 часот до 16:30 часот“, соопшти општината.

Исто така, и за таксените обврзници, во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на неплатена комунална такса за фирма (фирмарина) за 2017 година.

„Таксените обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски. Со цел да се избегнат непотребните блокирања на сметките, доколку се увиди дека постои платен, но нерегистриран долг, таксениот обврзник може да дојде во просториите на Град Скопје, барака 16, секој работен ден од 07:30 часот до 16:30 часот“, додава Општината.

Треба да знаете
Последни објави