Search

Опозицијата во Венецуела ги продолжува разговорите на Барбадос

Опозицијата на Венецуела соопшти дека ќе се врати на Барбадос за да ги продолжи разговорите со владата на претседателот Николас Мадуро, со цел да се разреши политичката криза во земјата.

Двете страни се состанаа минатата недела на Барбадос, каде што разговараа под претседателство на Норвешка, но во четвртокот се вратија без соопштение за тоа што е договорено.

Тимот за односи со јавност на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо на Твитер објави дека делегацијата се враќа „за да се постигне промена која може да стави крај на страдањето на Венецуела”.

Во Венецуела има политичка и економска криза, недостиг на струја и основни потреби.
Гуаидо е признат од САД и над педесет земји, додека Мадуро го поддржуваат Русија и Кина.

Треба да знаете
Последни објави