Search

Опозициските партии ќе бараат предвремени избори

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ,  Алијанса за Албанците и Беса се огласија по одлуката на ЕУ да не додели датум за преговори со барање за оставки и предвремени избори. За нив ваквата одлука е пораз на Владата, но не за народот и граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, повика на средбата на државниот врв да се дискутира за актуелната состојба. Тој од оваа средба очекува да произлезе јасен план без калкулирање и политиканство, но побара и оставка од премиерот Зоран Заев.

На Мицкоски во барањето оставка од Заев ќе му се придружат и од Алијансата на Албанците.  Лидерот на партијата Зијадин Села изрази длабока разочараност и рече дека премиерот и Владата треба да понесат одговорност за неуспехот на земјава да добие датум за преговори.

Лидерот на Беса, Биљал Касами порача дека Владата не исполнила доволно за да почнеме преговори, а на состанокот кај шефот на државата најави дека ќе бара предвремени избори.

 

Треба да знаете
Последни објави