Search

Опозицискиот кандидат Аслан Бжанија победи на претседателските избори во Абхазија

Кандидатот на опозицијата Аслан Бжанија обезбеди 56,5 отсто од гласовите на претседателските избори во Абхазија на 22 март, со што стана нов претседател на земјата, објави шефот на Централната изборна комисија, Тамаз Гогија, пренесува ТАСС.

„Новиот претседател е Аслан Георгиевич Бжанија, кој обезбеди 53.741 гласови, односно 56,5 отсто од гласовите“, рече тој.

Кандидатот Адгур Ардинба освои 35,42 отсто од гласовите, додека Леонид Џапшба доби 2,22 отсто од гласовите. Одѕивот на гласачите беше 71,56 отсто.

Според шефот на Изборната комисија, не биле регистрирани прекршувања што би можеле да влијаат на гласањето.

„Немаше инциденти, немаше нерешливи спорови, немаше службени поплаки“, рече Гогија.

Инаугурацијата на новоизбраниот претседател ќе се одржи во рок од 30 дена по објавувањето на конечните резултати од гласањето, што е закажано на 24 март.

Треба да знаете
Последни објави