Search

Опожарени пет контејнери во Аеродром

Во текот на изминатите три дена, непознати сторители опожариле пет садови за одлагање отпад во скопската општина Аеродром. Опожарените контејнери се целосно уништени и неупотребливи.

Покрај финансиската штета што е нанесена на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје, овие инциденти предизвикуваат големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад.

ЈП „Комунална хигиена”-Скопје апелира да престане вандализмот и  уништувањето на садовите за одлагање отпад, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

Треба да знаете
Последни објави