Search

„Опел корса“ автомобил на годината во Македонија за 2020 година

 Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 25. пат го организира изборот кој е најстарата манифестација од ваков вид во Македонија.
Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди шест (6) финалисти кои годинава рамноправно конкурираа за титулата „Автомобил на годината во Македонија за 2020“.

Победникот како награда добива стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов, направено специјално за Изборот на автомобил на годината во Македонија уште од 1995 година.

2019 Opel Corsa

Листа на финалисти ја сочинуваа:

Kia XCeed
Toyota RAV4

Opel Corsa
Mazda 3

BMW 1

SsangYong Korando

 

Право на глас имаат и финалистите, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел. Возилото што доби најмногу гласови од финалистите освојува еден (1) глас кој е рамноправен со гласовите на членовите на жирито.

По анализатa на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија, титулата ја додели на  Opel Corsa

Образложение

„Corsa како прв сосема нов модел откако Opel стана дел од семејството на PSA во целост ги оправда очекувањата. Современиот изглед и модерните технологии меѓу кои и електричната погонска група ѝ даваат предност во настапот на пазарот, посебно во земји како Македонија каде купувачите ќе ги освојува и со атрактивната цена“

При изборот на Автомобилот на годината Националното Жири се раководеше од шесте критериуми:

– адекватност и понуда на домашниот пазар
– економичност и еколошка прифатливост
– безбедност и примена на технолошки достигнувања
– возни својства
– дизајн
– комфор и опременост

Секој член на Жирито има на располагање 120 бодови што треба да го распредели на моделите финалисти. Победничкото возило Opel Corsa доби 110 бодови од жирито (4 гласа), пред Mazda 3 со 86 и Toyota RAV 4 модел што доби 81 бод.

Како гласаше жирито
Признание СУВ на годината

Признанието СУВ на годината го доби моделот Toyota RAV4

 „Со петтата генерација, Toyota како наново да го лансираше RAV4. Тој сега е попростран и поудобен, со помоќен изглед и нови технологии спакувани во една урамнотежена целина со избалансирана цена. Вниманието на купувачите го привлекува и со хибридниот мотор кој ги замени дизелите. Целокупно гледано, RAV4 со многу свои особини се издвојува од бројната конкуренција во класата која своевремено токму тој ја популаризираше.

 Гласот од финалистите годинава го доби моделот MAZDA 3. Од шесте финалисти за моделот Mazda 3 гласаа три (3) со што овој модел доби еден рамноправен глас при гласањето.

Признание „Томислав Биљарац“

Националното Жири за Избор на автомобил на годината во Македонија годинава по третпат го доделува и признанието „Томислав Биљарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија.

Наградата се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија.
Одлуката на Националното Жири за избор на автомобил на годината во Македонија е признанието „Томислав Биљарац“ за 2020 година да биде доделена на Славка Каленикова

 

Досегашни носители на признаието Томислав Биљарац“

Владимир Воиновски
Стерули Бураку

 

Досегашни победници во изборот за „Автомобил на годината во Македонија“

1996 Fiat Bravo/Brava                                  2013 Seat Leon
1997 Renault Megane                                   2014 Skoda Octavia
1998 Opel Astra 1998                                   2015 Ford Mondeo
1999 Skoda Octavia                                      2016 Skoda Superb
2000 Fiat Punto                                             2017 Kia Sportage
2001 Seat Leon                                             2018 Dacia Duster
2002 Toyota Corolla                                      2019 Ford Focus
2003 Mazda 6
2004 Mazda 3
2005 Seat Altea
2006 Vоlkswagen Passat
2007 Opel Corsa
2008 Kia Cee`d
2009 Volksvagen Golf VI
2010 Opel Astra IV
2011 Hyundai iX35
2012 Кia Rio

 

Треба да знаете
Последни објави