Search

ОПЕК преговара за досега невидено намалување на производството на нафтата

Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК) е група независни произведувачи работат на договор за досега невидено намалување на производството, а кон иницијативата би требало да се придружат и други произведувачи.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и саудискиот принц Мохамед бин Салман, кој споре него, се согласиле да го намалат производството за 10 до 15 милиони барели дневно. Количината одговара на 10 до 15 проценти од вкупното глобално производство, а ако биде постигнат договор, тоа ќе биде најголемото намалување на производството во историјата, пренесува Ројтерс.

Трамп исто така напомена дека не направил никакви отстапки кон Саудиска Арабија и Русија, како што е понуда за намалување на американското производство. Ројтерс додава дека тој потег го забрануваат американските закони за заштита на рамноправноста на трката на пазарите.

Русија и Саудиска Арабија кон крајот на 2018 година договорија ограничување на производството за да се стабилизираат цените. Кон крајот на февруари годинава пропадна нивниот договор за дополнително ограничување на производството поради пандемијата на коронавирусот.

Саудиска Арабија вчера побара итен состанок на ОПЕК и независните произведувачи, тврдејќи дека сака праведен договор за стабилизација на нафтените пазари, кои се урнати поради падот на побарувачката под влијание на пандемијата.

Произведувачите сакаат на иницијативата да се придружат и другите произведувачи, особено САД.

Треба да знаете
Последни објави