Search

ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ од Кисела Вода прослави 55 години постоење

Вчера ООУ „Невена Георгиева Дуња” од Кисела Вода прослави 55 години постоење.

Учениците прославата ја започнаа со изведба на училишната химна посветена на првата жена партизан во македонските партизански одреди, Невена Георгиева – Дуња. По ова, тие прочитаa краток историјат за нејзиниот лик и дело.

Децата пред големиот број присутни во холот на училиштето одлично изведоа повеќе музичко ритмички точки, во кои уживаа и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Кристиан Тимоние.

Додека во чест на гостинот, амбасадорот Тимоние една ученичка ја испеа познатата преубава француска шансона La paloma adieu.

Присутните кои беа видно задоволни од настапите на учениците ја имаа и таа можност преку видео презентација со времеплов да се запознаат со успесите на училиштето.

На настанот директорот на училиштето, Хари Стојаноски на сите заслужни за досегашната успешна соработка им додели благодарници.

Имено, училиштето „Невена Георгиева Дуња”, како донација од Република Франција започна со работа на 1 септември во 1964 година.

По повод патрониот празник во училишниот двор поставена е нова биста на Невена Георгиева – Дуња.

Треба да знаете
Последни објави