Search

ОН: 1.700 жители на Газа застрелани од ИДФ се соочуваат со ампутации поради криза во финансирањето

ОН предупредија дека 1.700 жители на Газа застрелани на протести од израелските сили за одбрана (ИДФ) може да имаат потреба од ампутации во следните две години поради недостиг на финансиски средства за да им помогнат да закрепнат, пренесува РТ.

Џејми Мекголдрик, хуманитарен координатор на ОН за окупираната палестинска територија, вели дека 7.000 Палестинци биле застрелани од Израел на протести минатата година, а многумина од нив се ранети во нозете.

„Имате 1.700 луѓе кои имаат потреба од сериозни, комплицирани операции за да можат повторно да одат”, рече Мекголдрик, објаснувајќи дека на повредените им треба рехабилитација и многу сериозна и комплексна операција за реконструкција на коските во период од две години пред да почнат да се рехабилитираат .

Годинава веќе се извршени 120 ампутации, вклучително и кај деца. Повеќе од 29.000 луѓе беа ранети на демонстрациите на Големиот марш на враќање на оградата што ги одделуваа Појасот Газа и Израел, кој почна во март 2018 година. Израел вели дека пукањето во нозете на демонстрантите е знак на воздржаност.

ОН бара 20 милиони долари за финансирање на операции за да се избегнат ампутациите.

Здравствениот систем во Газа е под притисок поради недостиг од средства и медицински материјали. Единствената болница за учење сега е фокусирана на обуката за траума, а лекарите немаат способност да го спроведат комплицираниот третман кај оние кои се изложени на ризик од ампутација.

Снабдувањето со храна, исто така, е под ризик поради недостиг од средства во Агенцијата за помош на ООН (UNRWA) и Светската програма за храна (WFP), која веќе мораше да ја намали помошта за 193.000 луѓе на Западниот Брег и Појасот Газа оваа година.

Треба да знаете
Последни објави