Search

ОН ја поддржа резолуцијата на Русија за контрола на оружјето

Генералното собрание на ОН денеска речиси едногласно усвои резолуција предложена од Русија за зајакнување на системот на спогодби и договори за контрола на оружјето, пренесува ТАСС.

Околу 179 држави, вклучувајќи ги и САД, гласаа за резолуцијата и ниту една земја не гласаше против. Само Украина, Грузија и Палау се воздржаа од гласање.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во своето обраќање во септември во ГС на ОН рече дека усвојувањето на документот, изготвен по раскинувањето на Спогодбата за ИНФ, е еден од приоритетите на Русија. Во документот се повикува на сериозно разгледување на негативните последици од прекинувањето на договорите за контрола на оружјето.

Резолуцијата ја поздравува улогата на ОН во одржувањето разговори за ова прашање и апелира до Генералниот секретар на ОН да продолжи со обезбедувањето помош што може да биде потребна за да се заштити интегритетот на договорите за контрола на оружјето и за подобрување на системот на овие договори.

Треба да знаете
Последни објави