Search

ОН усвои Глобален договор за миграција, Унгарија и САД против

Обединетите нации денеска го одобрија Глобалниот договор за миграцијата, откако минатата недела беше усвоен на конференцијата во Маракеш, Мароко, јави ДПА.

САД и Унгарија беа единствените две земји од 193-членото Генерално собрание на ОН кои гласаа против одобрувањето на документот, кој поставува цели кои вклучуваат подобар пристап до здравствена заштита и образование за бегалците. Три земји се воздржаа од гласање, а неколку не учествуваа.

Како и глобалниот компакт за миграција усвоен во Маракеш, Мароко, документот не е правно обврзувачки, туку е заислен како план кој им помага на земјите да управуваат со миграциските текови.

Во него не е наведен никакв систем на квоти, според кои земјите се должни да прифатат одреден број бегалци.

Треба да знаете
Последни објави