Search

ОН: Секое дете е во опасност поради климата и лошата исхрана

Светот не успева да ги заштити децата од здравствени закани предизвикани од климатските промени и лошата исхрана, се наведува во денеска објавениот извештај на Обединети нации.

Во извештајот се посочува дека прекумерната емисија на јаглерод диоксид, која главно ја произведуваат побогатите нации, „ја загрозуваат иднината на сите деца” и ќе ги оптоваруваат со дополнителни здравствени опасности, од смртоносни бранови на топлина до зголемено ширење на тропските болести.

– Големата порака е дека ниту една држава не го штити здравјето на денешните деца, ниту нивната иднина, изјави професорот во Меѓународниот центар за здравје на деца и директор на Институтот за светско здравје на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Ентони Костело.

Во извештајот се посочува и дека околу 250 милиони деца на возраст под пет години во земјите со низок и среден приход се изложени на ризик од забавување на растот заради глад и други последици од сиромаштијата.

Додека бројот на дебели деца ширум светот од 1975 година е зголемен за 11 пати и сега изнесува 124 милиони.

Во извештајот се истакнува дека децата се изложени на ризик од штетно рекламирање на храна богата со маснотии и шеќер, алкохол и цигари бидејќи во одредени земји гледаат по 30.000 телевизиски реклами.

Треба да знаете
Последни објави