Search

ОН: Рекордни 168 милиони луѓе ќе имаат потреба за хуманитарна помош во 2020 година

Хуманитарна помош ќе биде потребна за рекордни 168 милиони луѓе во 2020 година, или едно лице на 45 во светот, се вели во извештајот на ОН.

Бројот на луѓе на раб на егзистенција е зголемен за 22 милиони од минатата година, поради насилни и долготрајни судири, климатските промени и економска нестабилност, наведува ОН.

Во годишниот глобален хуманитарен извештај, ОН и партнерски невладини организации велат дека планираат да им помогнат на 109 милиони од најранливите во 55 земји следната година, за што се потребни 29 милијарди американски долари.

Опустошен од војната Јемен се наведува во извештајот на ОН како најголема хуманитарна криза во светот, а потребите за помош остануваат „екстремно високи” во Сирија, Демократска Република Конго, Сомалија, Јужен Судан и Судан.

Треба да знаете
Последни објави