Search

ОН признаваат дека 70 отсто од мигрантите со чамци не ги исполнуваат условите за азил

Огромното мнозинство на мигрантите што патуваат со чамци не се бегалци, призна Високиот комесар за бегалци на ОН.

Винсент Кошетел, специјален пратеник на УНХЦР за состојбата со нелегалната миграција во Средоземното Море, побара од државите членки на ЕУ да им овозможат на приватните невладини организации непречен пристап во Европа на мигрантите.

Во интервју за „ИнфоМигрантс“ објавено во вторникот, Кошетел тврди дека т.н. пооморско спасување е основен принцип на хуманоста, споредувајќи ги невладините организации со службите за итна помош, како што се противпожарните бригади.

„Ако европските држави не сакаат да преземат одговорност за спасување на море, нека им направат пат на актерите од граѓанското општество“, рече тој.

Сепак, Кошетел не го коментира фактот дека европските даночни обврзници – наместо невладините организации што поддржуваат масовно мигрирање – мора да ги покријат сметките и сместувањети за мигрантите кои се спасени на Медитеранот.

„Само 30 отсто од оние што пловат од Либија имаат потреба од заштита. Тоа значи дека 70 отсто немаат намера да бараат азил во Европа “, изјави Кошетел, пред да продолжи да сугерира дека нациите на ЕУ треба да ја засилат депортацијата на нелегалните мигранти.

Истакнувајќи дека масовниот „увоз“ на луѓе што продолжува со ист интензитет, ќе доведе до проблем со кредибилитетот во иднина, Кошетел продолжи:

„Мора да се воспостави фер и правичен механизам за враќање бидејќи во спротивно, целиот систем за азил ќе биде доведен во прашање од европските држави и нивните народи “.

Прашан за зголемениот број Алжирци кои се упатиле кон Европа, Кошетел рече дека верува оти „егзодусот“ од Северна Африка се должи на немањето на економски можносту, влошена со ограничувањата наметнати од коронавирусот.

И додека невладините организации кои се залагааат за отворени граници – индустрија чиј раст експлодираше последниве години – бараат земјите на ЕУ да бидат принудени да земат неограничен број мигранти од Третиот свет, и Европејци страдаат во тешкиот економски период како резултат на коронавирусот.

Според податоците на ОН собрани од јануари, најчестите нации од кои потекуваат медитеранските мигранти оваа година се Авганистан и Сирија, а потоа следат Мароко и Алжир.

Што се однесува до другите рути кон Европа, Меѓународната организација за миграција (ИОМ) претходно процени дека 80 до 85 отсто од мигрантите што се обидоа да влезат во нациите на ЕУ преку Балканот се економски мигранти, а не луѓе на кои им е потребна меѓународна заштита.

Повеќе од една третина од овие мигранти се од Пакистан, а секој петти тврди дека е Сириец,   според координаторот на ИОМ за регионот, Петер ван дер Ауверерт.

„Имам сомнежи во врска со Сиријците бидејќи имаме и голем број луѓе од Северна Африка кои тврат дека се Сиријци“, изјави тој за „Еуроњуз“ во 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави