Search

ОН предлага заедничка контрола врз јеменското пристаниште Ходеида

Специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединети нации за Јемен, Мартин Грифитс денеска предложи страните вклучени во јеменскиот конфликт да воспостават заедничка контрола врз стратешкото пристаниште Ходеида.

ОН предлага и коалицијата, предводена од Саудиска Арабија да ги прекине воените операции врз Ходеида во замена за повлекување на бунтовниците Хути од градот.

Планот предвидува Ходеида, пристаништето преку кое се доставува значително количество хуманитарна помош за Јемен, да биде под двојна контрола – јеменската Влада и бунтовниците, под мониторинг на ОН.

Во местото Римбо во близина на Стокхолм се одржуваат мировни преговори, со посредство на ОН, за ставање на крај на граѓанската војна во Јемен.

Светската здравствена организација (СЗО) во денешното соопштение наведува дека Над 70.000 луѓе се убиени или повредени во граѓанската војна во Јемен, од кои 9.2000 се деца

Според СЗО реалната бројка на жртви е многу поголема од наведениот број, бидејќи во пресметката од март 2015 година и октомври годинава вклучени се само болничките статистики.

Треба да знаете
Последни објави