Search

ОН: Потребни се нови донации за палестинските бегалци

Пјер Креанбул, претседател на Агенцијата на Обединети Нации (УНРВА) која обезбедува поддршка за повеќе милиони Палестинци бегалци денеска побара од донаторите годинава да бидат дарежливи како и минатата година, кога ја пополнија дупката во буџетот, создадена со драстичното намалување на придонеси на САД.

Во следните неколку месеци, УНРВА ќе одржи различни настани со цел да поттикне нови донации.

Тој истакна дека 280.000 деца во Појасот Газа одат во училишта, кои ги води Агенцијата, како и тоа дека УНРВА на секои три месеци обезбедува помош во храна за милион луѓе, што е половина од населението на Појасот Газа.

Креанбул се заблагодари за донациите, кои и овозможиле на УНРВА финансирање на целиот буџет за 2018 година од 1,2 милијарди долари.

Минатата година, САД придонесе со 60 милиони долари, што е драстично намалување споредено со 2017 година, кога Вашингтон со 360 милиони долари беше најголемиот донатор на агенцијата.

УНРВА за 2019 година усвои буџет од 1,2 милијарди долари, но за разлика од претходните години, САД воопшто нема да учествува во финансирањето.

Американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година истакна дека Палестинците мораат повторно да ги почнат мировните преговори за да добијат пари.

Тој коментар предизвика реакција од страна на меѓународните хуманитарни групи кои изразија несогласување со поврзувањето на хуманитарната помош и политиката.

Најголем донатор на УНРВА е Европска Унија, додека 40 држави и институции го зголемиле финансирањето. Според Краенбул УНРВА до мај нема да има финансиски проблеми, но потоа тие можат да се очекуваат.

Краенбул, исто така, истакна дека Агенцијата ќе продолжи да им помага на палестинските бегалци во Сирија, во Либан, во Јордан, и во Појасот Газа и во другите области, што, според него, е во општ интерес и е многу важно за стабилноста во регионот.

Треба да знаете
Последни објави