Search

ОН: Поради турската офанзива во Сирија би можеле да се раселат до 400.000 луѓе

Турската офанзива против курдските борци во североисточна Сирија веќе принуди 130.000 луѓе да ги напуштат своите домови, соопштија денеска ОН, додавајќи дека тој број може да се зголеми на 400.000.

– Сметаме дека до 400.000 луѓе ќе бидат раселени во погодените области и ќе имаат потреба од помош и заштита, рече портпаролот на ОН Јенс Лерке во Женева.

ОН во петокот соопштија дека 100.000 луѓе ги напуштиле своите домови од средата, кога почна турската воена офанзива во Сирија.

ОН, исто така, изразија загриженост за безбедноста на 113 нејзини членови и припадници на други организации кои даваат меѓународна помош во тој сектор.

Треба да знаете
Последни објави